Опис
Збирката раскази Прстен и парфем ни открива многу непознати нешта за личностите споменати во оваа книга, а кои вистински постоеле и оставиле трага со своето постоење. И настаните во кои учествувале се (делумно) автентично пренесени, а литературниот наратив е фундиран врз авторовата определба дека пишувачот не треба да раскажува, туку напротив – само да кажува. Неговото кажување, пак, открива еден чудесен литературен свет што се протега во овие осум раскази-приказни. Што ја натерало мис Елен Стон да го подари мајчиниот прстен? Како се спасил од стрелање Мирослав Крлежа и зошто доктор Арчибалд Рајс посакал неговото срце да почива на Кајмакчалан? Како стигнала Сара Бернар да им пее на војниците пред да тргнат на Македонскиот фронт во Солун? Што ја спречувало Мара Бунева да го повлече чкрапецот и да убие? Како сталинизмот бил поразен на писмена работа по мајчин јазик? Дали со козите на Лазар Колишевски почна иселувањето на македонските села?