Опис
Дјејмс и дјиновската праска, Роалд Дал
Дјејмс Хенри Тротер живее со две одвратни бабишта. Тетка Сунѓерка е страшно дебела и лицето ѝ е како сварена зелка, а тетка шилка е слаба како костур и има крескав глас.
Тој е многу осамен, сè додека еден ден не се случи нешто чудно. На крајот на градината една праска започнува да расте и да расте и да расте…
Внатре, во праската, има седум многу необични инсекти – и сите чекаат да го поведат Дјејмс во една магична авантура.
Но каде ќе одат во нивната дјиновска праска и што ќе стане со ужасните тетки ако случајно им застанат на патот?
Има само еден начин да дознаеме…
Светски детски бестселер на Роалд Дал, со илустрации на Квентин Блејк