Availability: In Stock

Пасквелија и Нова Пасквелија

Бар код: 9786082671703

350ден

Шифра: 007749

Издавач: Арс Либрис

Автор: Живко Чинго

Година: 2021

Страници: 328

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија: Тагови: ,

Опис

„Во таа година по сета земја зафати една тешка гладија. Почнаа предмети со предмети да се јадат, дрвја со дрвја да се ништат, планини со планини да се дробат, вода со вода да се дави, дивина со дивина да се глоди, а над сето тоа најстрашно беше што човек на човека нападна, луѓе со луѓе почнаа да не се познаваат, живи да се закопуваат. Од длабоко проплака земјата. На глас залипа“. Тешко е да се каже што или кој е во прв план во овие две збирки раскази: дали е тоа пасквелскиот човек – суеверен и безверен, традиционален и прогресивен, добар и лош – или пак самата земја Пасквелија – пуста и плодна, прастара и нова, вечна и историска. И покрај тоа што темите се јасно фиксирани во историјата, втемелени на конкретни историски настани, поуките што Чинго ги извлекува од своите ликови и самата земја се безвременски, исто како и неговиот начин на раскажување кој води потекло од фолклорот и приказните на Марко Цепенков.