Опис
Авантурите во оваа приказна почнуваат кога Кртот, чувствувајќи го немирот на пролетта во себе, ја напушта својата дупка за да ја открие магијата на големата река. Тој плови по реката заедно со Стаореcот, патува во Дивата шума и преспива во домот на разумниот и сталојен Јазовеc, а на крајот му помага на будалестиот и неодговорен Јабеc да си ги врати имотот и почитта од другите јживотни. Но, Кртот не е единствениот јунак во оваа приказнач исто така, ќе го барате и изгубеното синче на Видрата, ќе се соочите со страшните јживотни од Дивата шума и ќе ја слушнете песната на ветрот, врбите и трските отсвирена од самиот Бог на шумата – Пан. Уште од своите почетоcи како серија писма испратени кон неговиот син, „Ветрот во врбите“ од Кенет Греам стана една од најсаканите и најмистериозните детски книги на сите времиња.