Опис
ГДДј не е таму некаковси обичен дјин што дроби и дјвака коски. Не – тој е премногу добар и смотан. И среќа за Софи што е тоа така. Ако, на пример, онаа ноќ ја земеше Крвошишарот, или кој било од другите дјинови – а не ГДДј – сигурно ќе завршеше како појадок. Кога Софи разбира дека дјиновите јурнуваат кон Англија за да лапкаат слатки мали детенца, одлучува дека треба еднаш за секогаш да му стави крај на тоа. А ГДДј ќе ѝ помогне!
Светски детски бестселер на Роалд Дал, со илустрации на Квентин Блејк
Сега и како филм на Стивен Спилберг: хттп://њњњ.цинеплеxx.мк/мовие/тхе_бфг/