Опис
Потпрен на едно од типичните начела на готските романи – ќудниот, мистичен амбиент, романот „Страшни приказни“ комбинирајќи ги хоророт и романсата не води низ испреплетените животи на неколкуте добро изградени ликови, заробени во една зима, 1965 година, некаде на швајцарските Алпи. Завеани и отсечени од светот, тие си ги раскажуваат најстрашните нешта што им се случиле во животот, создавајќи цел еден паралелен, напнат и возбудлив свет во кој самите првин се само раскажувачи или слушатели, а потоа и учесници. Приказната е богата, слоевита и „готска“, преполна со морничави сцени, мрачни заплети и таинствени случувања. Раскажувачки е водена мошне внимателно и вешто. Готскиот роман, готската фикција, готскиот хорор воопшто е редок во современата македонска Книжевност и во тој контекст овој роман дава значаен придонес во развојот на домашната жанровска литература.