Опис
„Многу врева за ништо“ е популарна комедија од најголемиот драмски автор на сите времиња, Вилијам Шекспир. Дејствието на драмата се одвива во мирниот град Месина на Сиcилија, каде што два пара љубовници, Бенедик и Беатриче, и Клаудио и Хера, се среќаваат во куќата на Леонато, кој е татко на Хера и чичко на Беатриче. Бенедик и Беатриче влегуваат во меѓусебна војна на задевање, додека Клаудио и Хера меѓу себе се заветуваат на љубов и решаваат да се венчаат. Арно ама, во еден неочекуван пресврт на работите, Хера и Клаудио се разделуваат, а Бенедик и Беатриче признаваат дека се вљубени. Оваа куса наративна верзија на драмата е прилагодена за помладите читатели. Децата можат самостојно да ја читаат или, пак, со помош на родителите. Исто така, може да се користи и како дополнителна литература во наставата.