Availability: In Stock

Раскази

Бар код: 9786082294858

250ден

Шифра: 002240

Издавач: Арс Либрис

Автор: Роберт Валзер

Година: 2014

Страници: 224

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Своевремено, за Роберт Музил, делото на Кафка е необичен случај на валзеријанизам – потврда повеќе на тврдењето дека Валзер е заборавената врска меѓу Клајст и Кафка. Игриво смирени, Валзеровите раскази раскринкуваат егзистенцијални теми на начин што го прави швајцарскиот автор еден од најраните, најголеми и, за жал, најзапоставени модернисти. Специфичен и особен, Валзеровиот стил е во знакот на малото, на лирското, на миговното, на тековното. Во таа смисла и творечкото кредо на Валзер е импресионистичко: тој е автор на кратки лирски моменти, на краткотрајни фасцинации, на непостојан книјевен фокус. Дури и во своите најмали раскази постојано ги менува темите, вметнува раскази во раскази, поттеми во теми („Животот на еден поет“, „Работникот“). Творечки, Валзер е близок до Пруст, кој цел живот пишува едно дело, односно до Вирџинија Вулф или Џемс Џојс, чии ликови следат еден внатрешен живот кој не кореспондира со надворешното, „реално“ време на нарацијата.