Опис
Седумдецениското континуирано дејствување на ансамблот „Танец“ резултира со исклучително значаен придонес во собирањето и зачувувањето раритетни, автохтони содржини од богатото фолклорно творештво што низ векови го создавал народниот гениј. Резултира со значајни авторски приоди во современи звучно-визуелни сценски надградби на традиционалното. Резултира во афирмирање на спецификите на инструменталното, вокалното и вокално-инструменталното музицирање, во изворна форма и надградено.