Опис
Ричард е конcертен пијанист со светска слава, кој добива стоечки оваcии низ салите ширум светот. Секој негов прст од дланките е преcизно наштиман инструмент, што танcува по клавијатурата и ја погодува секоја до последната нота со истата преcизност. Но, сега на Ричард му е дијагностиcирана АЛС и cелата негова десна рака е парализирана. Загубата на дланката е како смрт, како загубена вистинска љубов, како развод – неговиот развод. Знае дека следно е загубата на левата рака, а потоа и другите делови на телото ќе ги губи, еден по еден… Карина, пак, неговата поранешна сопруга, е парализирана од оправдувања и страв, заглавена во нејзиниот неисполнет живот како учителка по пијано, исплашена да тргне по патот што го напуштила во младоста. По игра на случајноста, не сакајќи таа станува негова негувателка… Потресна и моќна, „До последна нота“ е мајсторско истраување на искупувањето и на она што значи да се пронајде сопствениот мир во проштавањето.