Availability: In Stock

Дворецот на мувите

Бар код: 9786082479668

230ден

Издавач: Арс Либрис

Категорија:

Опис

Во новелата „Дворецот на мувите“, Валтер Капахер ни дава увид во жживотот на познатиот писател и поет, Хуго фон Хофманстал.

Книгата, над сè се карактеризира со специфична бавност и тишина. Насловот, како и фабулата, кореспондираат со реално и детално писмо на авторот.

На пример, Дворецот на мувите е зимска градина во хотелот на Х., каде што него, најчесто во попладнињата, го вознемирува инвазија муви. Физичката неудобност и зузукањето на мувите го попречуваат писателот да работи.

Звукот на мувите станува метафора за проблемите во староста. Новелата содржи многубројни алузии на Салцбуршкиот фестивал, чијшто коосновач е Хофманстал, како и на театарската продукција и нејзиното потекло.