Опис
„Кога настанал зборот неочекувано? Апстрактните поими сигурно датираат од поскоро време. Англискиот збор ’неочекувано‘ настанал во 1580 година. Значи, претходно дури и не можеле да ја искажат изненаденоста од неочекуваните нешта. Само се случувале и само ги прифаќале. И до 16 век, никој не смислил збор како да им го објасни тоа на другите. Неочекуваноста претставува мало чудо, од оние необичните настани што ги опишал Литлвуд. Неочекуваноста е моментот во кој сите се раздвижуваме, го поставу ваме прашањето за целта на животот и потребата да се промениме.“ „Неочекувано“ е дебитантски роман на авторката Ана Мовска. Во него е непретенциозно вплетен научен дискурс, за двојната приро да на сино-зелените алги кои ги има и на Марс, но и во Дојранското Езеро. Оваа кратка проза зборува и за заедништвото и за здружување то заради постигнување повисока цел, а срамежливо ја споменува и возбудата од првиот писателски обид, реферирајќи на самиот роман.