Availability: In Stock

Млечни заби

Бар код: 9786082673301

250ден

Шифра: 009345

Издавач: Арс Либрис

Автор: Лана Басташиќ

Година: 2021

Возраст: 18+ години

Страници: 80

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Млечни заби“ е збирка од дванаесет раскази, прецизно ситуирани во детството како обединувачко јадро околу кое се намотува најразличен материјал од Балканот што експлицитно го нема, а е присутен во секој збор, во секој интерпункциски знак и во секоја белинка од врвното уметничко писмо меѓу кориците. Цврсто стегнато книжевно клопче со лични, мачни и мрачни, напати брутални приказни за растењето. Намотување и одмотување зборови на тишината, на она за што вообичаено се молчи.

„Млечни заби“ е прв превод на Лана Басташиќ на македонски јазик, која ја доби Европската награда за книжевност за 2020 година за романот „Фати го зајакот“. По големиот успех на романескниот првенец што се најде и во најтесниот избор за НИН-овата награда, Басташиќ со „Млечни заби“ го подвлекува веќе стекнатиот читателски и критичарски впечаток дека е еден од водечките книжевни гласови на овие простори во моментот.