Опис
Објавувањето на обичајот Мартинки како дел од светското нематеријално културно наследство и неговото впишување во Репрезентативната листа на УНЕСКО е повод издавањето на книгата за деца Мартинки – конци, плетки и црвено-бели сплетки.
Подготвено во пресрет на месецот март, изданието Мартинки – конци, плетки и црвено-бели сплетки го актуелизира и популаризира овој стар обичај. Најмладите читатели ќе ја откријат приказната за мартинките, нивното потекло, значење и употреба, а ќе научат и како сами да направат мартинка. Со интересни информации, како и со практични совети и лесни упатства, оваа книга ќе го разбуди интересот за овој обичај во јавноста.