Опис
Флеш картички: Фигури и простор
За во училница и за дома. Овој комплет математички картички претставува збир на дидактички ресурсни материјали за пониските одделенија во основното деветгодишно образование, како и за претшколска возраст, а според програмата по математика на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ. Дополнети со упатства, со конкретни идеи за нивна употреба, комплетите ги обезбедуваат потребните дидактички ресурси за практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите.
Комплетот содржи: – Илустрирани картички со геометриски форми и фигури – Илустрирани картички за местоположба – Илустрирани картички со спротивности.