Опис
Оваа книга содржи повеќе практични упатства кои се однесуваат на следење и третман кај жени кај кои бубрегот за првпат е засегнат во текот на бременоста, како и кај жени кои веќе имаат бубрежно заболување. Затоа, ќе биде од корист за нефролози, гинеколози и интернисти, а можеби и за општи лекари кои водат бремени пациентки.
Недостатокот на студии кои со точност би определиле безбеден начин на лекување, ограничената можност за примена на лекови, недоволно прецизните упатства, се причините зошто лекарот мора да биде особено внимателен во лекувањето на овие пациентки.
Големо е задоволството кога ризичната бременост ќе заврши добро кај мајката и кај плодот. Следењето не завршува тука бидејќи во иднина кај мајката се можни промени во бубрежната функција и хипертензија. Овие пациентки и натаму треба да останат под контрола на нефролог.