Опис
Нови авантури и нови посетители во светот на госпоѓа Тркалезна. Еден ден Ирија, Бруно и неговиот коњ Полјав влегуваат во шумата и пристигнуваат до еден необичен и чуден свет, каде што ги запознаваат госпоѓа Тркалезна и другите ликови, кои ни се веќе познати од првата книга како госпоѓа Будалеста, Зипирити, змејот наречен Грозоморен и многу други нови ликови. Втората и последна книга од серијата „Госпоѓа Тркалезна“ од Вирјиниа де Кастро и Алмеида е објавена во 1943 година. Исто како и во претходното дело, писателката им дава предност на хуморот и на бесмисленоста што Луис Карол ги има прочуено со својата „Алиса во земјата на чудата“. Вирјиниа Алмеида е исто така способна да вметне вистински историски настани. Во претходното дело раскајуваше за битките од времето на последниот крал на Португалија, Афонсо Хенрикес, а во овој дел прикајува историски и митолошки елементи од античка Грcија, Римското Царство и др.