Опис
„Зимска приказна“ е една од најпопуларните комедии од шекспир. Драмата првпат е објавена во 1623 година, а оттогаш, со голем успех, била изведувана ширум светот. Дејствието се одвива во Сицилија и се врти околу главниот лик, кралот Леонт, кој е обземен од сомнежи во врска со верноста на неговата сопруга. Љубомората го наведува да скова заговор за убиство на неговиот најдобар пријател, да ја затвори жена си и да се откаже од нивното неродено дете. Драмата се одвива во период од шеснаесет долги години за време на кои Леонт ги сфаќа сопствените грешки, па конечно се соединува со својата отуѓена сопруга и ќерката. Оваа куса наративна верзија на драмата е прилагодена за помладите читатели. Децата можат самостојно да ја читаат или, пак, со помош на родителите. Исто така, може да се користи и како дополнителна литература во наставата.