Компанијата „Арс Ламина“ е основана во 2005 година како репро-студио, а од 2009 година со издавањето на првата книга, приказната ја продолжуваме и како издавачка куќа, со мисија да ги подигнеме стандардите во издаваштвото на повисоко ниво.
Денес, „Арс Ламина“ е најголемиот и најважниот издавач на образовна литература: учебници, збирки и други дидактички и едукативни изданија за основните и средните училишта, како и на стручна и академска литература.
Лидери сме и во објавувањето современа белетристика, светски и домашни класици од најзначајните писатели и литературата за деца и млади, со најбараните сликовници и книги од најпознатите и најнаградувани светски автори. Бележиме континуиран подем и развој, со објавени повеќе од 200 книги годишно од сите области. Организираме повеќе од 30 промотивни настани годишно и учествуваме на голем број културни настани, како и на најголемите саеми на книгата кај нас и во Европа.
Нашиот тим го сочинуваат висококвалификувани професионалци со богата биографија и со долгогодишно искуство, распределени во неколку сектори, како што се: уредништво, креативен сектор и претпродукција, маркетинг и односи со јавноста, продажба и дистрибуција, како и огромна мрежа на соработници од сите области на издавачкиот процес.
Семејството на „Арс Ламина – публикации“ се состои од неколку импринти (издавачки оддели): „Арс Ламина“ (образовни и стручни изданија), „Арс Либрис“ (белетристика), „Либи“ (детска книжевност), „Попули“ (популарна литература) и „Скрипти“ (дизајнирани нотеси и гифт-програма).
ОБРАЗОВАНИЕ И СТРУЧНА ЛИТЕРАТУРА
„Арс Ламина“ е водечка издавачка куќа во креирање образовни и едукативни изданија за предучилишна возраст, за основните и средните училишта, како и стручна и академска литература. Имаме богато портфолио со стручна литература од областа на медицинските, природните, општествените и хуманистичките науки.
НАЈНОВИ ИЗДАНИЈА
Портфолиото на издадени наслови наменети за образование опфаќа учебници од предучилишна возраст до високо образование, прирачници, лектири, речници, граматики, научна, стручна и популарна литература, детски списанија, стручни списанија, сликовници, дидактички материјали и други публикации.
Литература и публицистика
Под нашиот импринт „Арс Либрис“ објавуваме квалитетна литература избрана и произведена со идеја за промовирање на културата на читање, промоција на нови квалитетни автори и истакнување на веќе популарни автори и бестселери, со посебен акцент на квалитетна и иновативна севкупна презентација – концепт, содржина и визуелен идентитет на книгата.
„Арс Либрис“ ги објавува најновите и најдобрите светски наслови од областа на белетристиката, книжевни класици, автобиографии и биографии, мотивациски книги и книги за самопомош, прирачници, есеи, поезија итн. Станува збор за најбараните интернационални бестселери, најактуелните современи автори и најпознатите светски и домашни класици.
НАЈНОВИ ИЗДАНИЈА
Книги за деца и млади
Под импринтот „Либи“, издавачката куќа „Арс Ламина“ континуирано издава сликовници, романи, книги со активности и дидактички материја со единствена цел – поттикнување на читачките навики кај децата.
Со своите изданија цели кон подигнување на читачката култура уште од најмала возраст. Она по што се издвојува „Арс Ламина“ како издавачка куќа се квалитетни и внимателно избрани содржини за детската литература, проследени со фасцинантни оригинални илустрации на македонски илустратори, со што постојано ги промовираме и етаблираме македонските илустратори.
НАЈНОВИ ИЗДАНИЈА
„Пегаз“ - книжевна награда
за најдобар необјавен роман
Почнувајќи од 2019 година, издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, го распишува конкурсот за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината. „Пегаз“ е резултат на идејата за откривање нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција.
„Читањето е супермоќ“
Целите на нашата кампања „Читањето е супермоќ“ се поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најмала возраст, негување на мајчиниот јазик, поддршка на децата со тешкотии во читањето и друго.
Во рамките на кампањата, „Арс Ламина“ организираше конференција за наставници и низа едукативни работилници, и донираше околу 7.000 книги, односно по сто книги (лектири, лектирни читанки, збирки, вежбанки и нагледни средства) во библиотеките на 58 скопски училишта од општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Центар. Исто така, донираше 600 изданија во основните училишта во Штип.
Награди и признанија
Доказ за иновативноста, квалитетот на изданијата и општествената улога на издавачката куќа „Арс Ламина“ се многубројните национални и меѓународни награди и признанија, вклучувајќи ги: „Роман на годината“ за 2022 година за романот „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ на Влада Урошевиќ.
На долгата листа со награди се вбројуваат и: „13-ноемвриската награда“ од Град Скопје за монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева; Наградата на ДПМ „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија на „Коњски житија“ од Зоран Анчевски; Наградата „Стале Попов“ за „Боксерот од Ново Маало“ на Владимир Плавевски; „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување за „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков;
Добитници сме на низа награди од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и Здружението на книжари и издавачи (ЗИКМ). Наши автори и илустратори имаат добиено награди на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“… Исто така, изданија на „Арс Ламина“ беа застапени во интернационалниот каталог White Ravens на германската национална младинска библиотека од Минхен.
Општествено одговорна компанија
Како општествено одговорна компанија, „Арс Ламина“ книгите ги прави достапни и за најранливите групи, особено за децата во социјален ризик и тие што се соочуваат со тешки заболувања, преку различни донации. Меѓу најзначајните донаторски акции ги издвојуваме: за Здружението за борба против рак „Борка“, Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“, Црвениот крст, СОС Детско село Македонија, Клиниката за детски болести и други.
Со цел да го олесниме читањето кај децата во фаза на описменување, како и кај лицата со дислексија, во изработка на дел од изданијата за деца користиме фонтови за дислексија. Имено, преку нашиот импринт „Либи“, во посебната едиција „Лесно читливи лектири“, имаме објавено 80-ина лектири и читанки, на македонски и на албански јазик.
Редовно, преку различни проекти, донации и соработки, вложуваме во развој на домашната културна сцена, поддржувајќи музичари, уметници, дизајнери и филмаџии. Со гордост можеме да кажеме дека „Арс Ламина“ го поддржа тимот на „Медена земја“, кој лани доби две номинации за „Оскар“.