Традиционални Garage Sale попусти до 80 отсто во сите книжарници „Литература.мк“

 

И оваа година синџирот книжарници „Литература.мк’ продолжува со традиционалните Garage Sale попусти во овој период од годината.

Биографиите на Џулијан Асанж и на Алекс Фергусон, романите „Американски брак“ и „Сребрениот куфер“, литература за деца како „Облачињата што не сакаат да плачат“ или „Шарено марено“, комплети сликовници „Пчеличката Маја“ се само дел од насловите кои до крајот на август ќе бидат на попуст во сите книжарници „Литература.мк“.

Станува збор за 80 книги од различни жанрови за деца и возрасни, што може да се најдат во книжарниците на следните локации: Т.Ц. „Буњаковец“ приземје, ГТЦ приземје, Веро Центар, книжарницата на ул. Македонија, „Рамстор мол“ приземје, „Скопје сити мол“ (втор кат) и книжарницата на „Широк сокак“ во Битола.

Попустите се движат до 80 отсто и цените се движат од 100 денари па нагоре во зависност од насловот. Попустите се достапни и на веб-страницата www.literatura.mk со достава до која било адреса во Македонија.

Во продолжение може да ја погледнете листата на наслови кои се на попуст:

https://www.literatura.mk/DiscountProducts.aspx