Водичот за преживување на наставници „Од компетентност до комплетност“ на Kиро Јорданов промовиран во Штип

Книгата „Од компетентност до комплетност: водич за преживување на наставници“ на Kиро Јорданов, во издание на „Арс Ламина“, беше промовирана на 16 февруари во Домот на младите – Штип. Рецензенти и промотори на книгата беа проф. д-р Снежана Мирасчиева и проф. д-р Кирил Барбареев.

Книгата претставува прирачник за преживување на наставници, односно им служи на сите наставници, идни наставници, родители и сите што сакаат одблизу да се запознаат со образованието и образовниот процес од повеќе аспекти. Ова издание првично беше промовирано онлајн во август минатата година.

-Оваа книга е синтеза на поучувањето и учењето, со голем акцент на учењето, што ја прави верен следбеник на насоките на активно учење како интенција на современата настава. Од тие причини, книгата ’Од компетентност до комплетност: Водич за преживување за/на наставници‘ на авторот м-р Киро Јорданов е модел на современ наставен практикум, а хрестоматскиот пристап што е застапен во книгата со право дава можност за силна препорака на сите што сакаат да бидат активни и иновативни партиципиенти во современата настава – истакна  проф. д-р Снежана Мирасчиева.

Книгата „Од компетентност до комплетност“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14619

Фото: Дом на млади – Штип