Подготвени за новата учебна година со вежбанки и збирки од „Арс Ламина“

Подготовката за новата учебна година е полесна кога на учениците, наставниците и родителите им се достапни квалитетни и практични материјали за работа. Вежбанките и збирките за основно образование, во издание на „Арс Ламина “, претставуваат одлична поддршка за совладување на наставната програма и дополнителна вежба за секој предмет – од прво до деветто одделение.

Овие изданија за деветгодишното основно образование се создадени според новата програма од Бирото за развој на образованието и ги покриваат сите општи и конкретни стандарди предвидени со неа. Целта на вежбанките е да им помогнат на наставниците за поефикасна реализација на наставните содржини по предметите: Математика, Македонски јазик, Општество, Природни науки, Музичко образование, Англиски јазик, Биологија и Хемија, на учениците – низ игриви активности – полесно да ги постигнат очекуваните резултати поставени во програмата, а на родителите – да го следат напредокот на своето дете.

Содржините на изданијата се подготвени од високоспецијализиран и искусен кадар на „Арс Ламина“, заедно со стручен авторски и консултантски тим составен од наставници и професори со долгогодишно искуство во образовниот процес.

Станува збор за следните наслови наменети за учениците од основните училишта:

За прво одделение: „Македонски јазик 1“, „Математика 1“, „Општество 1“, „Природни науки 1“, „Вежбанка за почетно пишување: графомоторички вежби“ и тетратка за почетно пишување.

За второ одделение: „Македонски јазик 2“, „Математика 2“, „Општество 2“, „Природни науки 2“ и „Пишувам кирилица“.

За трето одделение: „Македонски јазик 3“, „Математика 3“, „Општество 3“, „Природни науки 3“, „Мојата вежбанка за именки“ и „Пишувам латиница“.

За четврто одделение: „Музичко образование 4“, „Македонски јазик 4“, „Математика 4“, „Општество 4“, „Природни науки 4“, „Мојата вежбанка за именки“ и „English 4“.

За петто одделение: „Музичко образование 5“, „Македонски јазик 5“, „Математика 5“, „Општество 5“, „Природни науки 5“, „Мојата вежбанка за именки“ и „English 5“.

За шесто одделение: „English 6: Practice book“, „Македонски јазик 6“, „Математика 6“ (збирка задачи), „Музичка работилница 6“, „Природни науки 6“ и „Вежбанка по природни науки 6“.

За седмо одделение: „Математика 7“ (збирка), „English 7: Practice book“, „Македонски јазик 7“, „Музичка работилница 7“ и „Биологија 7“.

За осмо одделение: „Физика 8“, „Математика 8“, „Биологија 8“, „English 8: Practice book“, „Македонски јазик 8“ и „Музичка работилница 8“.

За деветто одделение: „English 9: Practice book“, „Музичка работилница 9“, „Биологија 9“, „Македонски јазик 9“, „Физика 9“ и „Математика 9“.

Од оваа година „Арс Ламина“ ја збогатува понудата со две нови изданија: „Пишувам кирилица“ – тетратка за пишување печатни и ракописни букви од македонската кирилица наменети за учениците од прво и второ одделение, и „Пишувам латиница“ – тетратка за пишување печатни и ракописни букви од македонската латиница, за учениците од трето одделение.

Сите изданија се достапни во поголемите книжарници низ државата и онлајн на www.literatura.mk.