Покрај биографијата за ’лошата девојка во музиката‘, Били Ајлиш, која е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, во февруари догодина премиерно ќе биде пуштен и документарен филм посветен на оваа контроверзна музичарка. Документарецот ќе има премиера на 26 февруари на стриминг-платформата „Епл ТВ“ (Apple TV), а режисер е Ар-Џеј Катлер. Ова остварување е со наслов „Светот е малку заматен“ („The world’s little blurry) и ја раскажува приказната за пејачката и текстописец и за нејзиниот подем кон глобална слава.
„Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ годинава ја објави на македонски јазик книгата со наслов „Били Ајлиш“ која е дело на Сали Морган. Во неа може да се прочитаат интересни факти, нејзините ставови за музиката, но и за животот воопшто.
Били Ајлиш Пајрат Беирд О’Конел е родена на 18 декември 2001 година и е американска пејачка и текстописец. Нејзиниот деби сингл, „Оушн ајс“ („Ocean eyes“), станал популарен и собра 132 милиони прегледи на „Спотифај“ (Spotify) во октомври 2018 година. Додека нејзиниот деби албум, „Донт смајл ет ми“ („Don’t smile at me“), бил издаден во август 2017 г. Музичкиот магазин „Ролинг стоун“ ја оцени како девојка која прави триумф на „невообичаеното“, додека весникот „Њујорк тајмс“ ја етикетираше како поп-ѕвезда која излегува надвор од рамките на веќе виденото.
Книгата може да се нарача и онлајн на следниот линк.