Релаксација со креативната боенка за возрасни „Тајната градина“ од Оливија Георгиевска

Новата креативната боенка за возрасни „Тајната градина“ од авторката Оливија Георгиевска деновиве излезе од печат во издание на „Скрипти“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Ова издание содржи 19 прекрасни илустрации на цветови од градината, кои можат да се обојат и да се врамат во слика. На задната страна од секој цртеж за боење е даден и опис на цветот и приказна или легенда поврзана со него, како и симболиката на цветот. Обоените цветови можете да ги врамите и потоа со нив да ги разубавите вашите ѕидови.

Застапени се илустрации за боење од: кокиче, качунка, кукурек, нарцис, анемона, кралско цвеќе, калифорниска или златна булка, крупно лутиче, перуника, ирис, црвен слез, девојкино срце, кандилка, фуксија (обетка), крин, рајска птица, циклами, синоличка, темјанушка, љубичица, амарилис и орхидеја.

Ова лето, препуштете се на префинетите илустрации и уживајте во разиграните мотиви, чие боење ќе ве опушти и ќе ве одмори. Отворете ја вратата на нашата тајна градина и дозволете си релаксирано време, време без стрес, време само за вас! Ова издание е одлична креативна антистрес терапија.

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14925