Опис
Оваа книга се осврнува на едно тешко прашање, статусот на институцијата брак во Америка во дваесет и првиот век. За жал, темата навлезе во нашиот јавен жживот во период кога условите на нашиот јавен дискурс изгледаат сиромашно опремени за да се вклучат во сериозна и нијансирана дискусија што се однесува на природата и целта на бракот во американското (или некое друго) општество.
Политичките и правните маневри што водат кон легализацијата на хомосексуалниот брак во Масачусетс во пролетта, 2004 година направија дебатата за бракот во Американскиот јавен дискурс да се води на поширок и контроверзен начинотколку во претходните децении.
Поларизираниот „монизам за правата“, а честопати и преморализираниот тон на американскиот јавен дискурс им ја отежнаа работата на интелектуалците, академиците и создавачите на политики што сакаа да ѝ дадат на пошироката јавност еден модел за разумно лјубопитство во природата и во целта на бракот.