Опис
Се проценува дека меѓу една третина и една половина од населението во светот (приближно три милијарди луѓе на шест континенти) живее во градби изградени од земја. Земјиштето по кое чекориме и на кое ги одгледуваме нашите земјодеслки култури е најшироко распространет градежен материјал на нашата планета. Архитектите му приоѓаат на градењето со земја како на примитивна антииндустриска технологија наменета за сиромашни или, пак, со ентузијазам како кон одржлива, приспособлива и префинета технологија која, сепак, е соодветна за претворање во стока за продажба.
Авторот на оваа книга, Роналд Раел, нуди балансирано преиспитување на главните прашања во врска со земјжената архитектура, како и преглед на 40-те најинтересни градби. Тој е архитект и професор асистент по архитектура на Универзитетот „Баркли“ од Калифорнија. Основач е на ЕартхАрхитецтуре.орг, место каде што може да се најдат многу информации врзани за темата.