Опис
На 10 октомври 1990 година, пред невладината Комисија за човекови права, едно петнасетгодишно девојче од Кувајт сведочи дека ирачките војници ги ваделе новороденчињата од инкубаторите и потоа ги оставале да умрат. Само во текот на следната недела, Дјордј Буш ја повторува приказната барем десет патич американското јавно мислење за воена интервенција во Кувајт се менува преку ноќ. САД се вмешува во Ирачко-Кувајтскиот судир и почнува Заливската војна.
Во 1992 година се открива дека сведокот е, всушност, ќерка на кувајтскиот амбасадор во САД. Последиците од нејзиното ненавремено разоткривање: САД добива контрола врз кувајтските нафтени полиња, а Американците убиваат на ден повеќе бебиња отколку Ирачаните во текот на целиот судир. И да: Комисијата за човекови права сè уште е битен политички фактор.
Оваа книга се труди навреме да разоткрие и многу поголеми светски заговори од овој. За да се избегнат вакви последици.