Опис
Вежбанката со наставни листови по природни науки во издание на Cambridge University Press, заедно со Прирачникот по Природни науки претставуваат современо дидактичко помагало што им ја нудат сета потребна поддршка и на учениците и на наставниците. Вежбанката се користи на лесен и флексибилен начин, редоследно следејќи ги целите на наставната програма и поттикнувајќи ги учениците активно да се вклучат во содржините за да ги развијат истражувачките вештини паралелно со тематското знаење. Во Вежбанката е дадена по една вежба што ја придружува секоја наставна единица што е обработена во Прирачникот по Природни науки, како и вежба за преглед на зборовите на крајот од секоја тема, за вежбање на основните научни термини. Вежбите се така изработени што за нивно изведување се доволни само молив и хартија, а учениците можат да ги изработуваат како надополнување на материјалот или, пак, за подготовка за некое тестирање или натпревар.