Availability: In Stock

Том Лејк

Бар код: 9786082679006

450ден

Шифра: 012772

Издавач: Арс Либрис

Автор: Ен Пачет

Година: 2024

Страници: 280

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Во овој прекрасен, топол и емотивен роман за семејството, за љубовта и за созревањето, Ен Пачет уште еднаш докажува дека е една од најдобрите американски писателки. Пролет 2020 година. Трите ќерки на Лара се враќаат во семејниот овоштарник во северен Мичиген. Додека собираат вишни, тие ја молат мајка им да им ја раскаже приказната за Питер Дјук, познат актер со кого таа пред многу години ја делела сцената и била во врска додека биле ангажирани во театарската компанија наречена „Том Лејк“. Додека Лара се присетува на минатото, нејзините ќерки ги преиспитуваат своите животи и односот со мајка им и се принудени одново да размислат за светот и за сè она што мислеле дека го знаат. „Том Лејк“ е медитација за младешката љубов, брачната љубов и животите што родителите ги имале пред раѓањето на децата. И надежно и елегично, истражува што значи да се биде среќен дури и кога светот се распаѓа. Како и во сите нејзини романи, Ен Пачет комбинира привлечна наративна уметност со продорен увид во семејната динамика. Резултатот е богата и оптимистична приказна, раскажана со длабока интелигенција и емоционална суптилност, со што Пачет уште еднаш покажува зошто е еден од најпочитуваните книжевни таленти кои работат денес.