Availability: In Stock

Токсични луѓе

Бар код: 9786082676340

350ден

Шифра: 012173

Издавач: Арс Либрис

Автор: Велко Неделковски

Година: 2022

Возраст: 18+ години

Страници: 216

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

„Ја отвори фиоката од работното биро. Пенкало и хартија. Со кос читлив ракопис почна да испишува цели страници текст. Имиња на нелуѓе кои изигруваат луѓе. Бројки на набавени и продадени опијати – кога, колку, кому, сè. Прецизен опис на матни зделки, со список на главните, но и поспоредни учесници. Имаше чувство дека го пишува својот тестамент.“

Најновиот роман на Велко Неделковски – „Токсични луѓе“, длабоко нурнува во секојдневието на навидум обичните луѓе, семејства и приказни околу нас. Во нашата земја, во нашето време. Ликовите во кои секој читател може да препознае свој познајник или близок имаат матни сенки и сомнителни тајни што деструктивно влијаат не само на нивните туку и на животите на сите околу нив. Опачината на животот превртена пред лицето на модерниот, декадентен и токсичен свет.