Опис
Правото како производ на општеството, на идеологиите и на структурите на моќ е историски феномен што се менува постојано. Доколку не постои историјата и теоријата на правото, тогаш сè би се ограничило само на правната техника. Таквото ограничување може да биде опасно, бидејќи на тој начин би се занемарило влијанието на правниците во општеството и нивната одговорност за своите постапки. Авторите конкретно ги разгледуваат пресвртите и изобличувањата на правото во државниот систем на Германија во текот на последниве 100 години. Во оваа своја книга фрлаат светло врз тесно поврзаните суштински материи од правото: теоријата на правото, филозофијата на правото и судската методологија. Притоа даваат одговор на трите основни прашања во науката за правото: што е правото? Која е функцијата на правото? На кој начин се применува правото?