Availability: In Stock

Тајната книга на Флора Лиа

Бар код: 9786082801162

520ден

Шифра: 012887

Издавач: Арс Либрис

Автор: Пати Калахан Хенри

Година: 2025

Страници: 520

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Врз разурнатиот Лондон во 1939 година, четиринесетгодишната Хејзел и нејзината петгодишна сестра Флора се евакуирани во едно селце во природа за да избегаат од ужасите на Втората светска војна. Живеејќи со добродушната Бриди Абердин и нејзиниот син тинејџер Хари, во убаво уредена камена куќичка покрај реката Темза, Хејзел ги исполнува нивните денови со прошетки и игри за да го одвлече вниманието на својата малечка сестра. Таа измислува бајка само за неа, за волшебна земја, тајно место во кое можат да побегнат и што е само нивно. Но, се случува нешто незамисливо кога малата Флора одеднаш исчезнува додека си игра покрај брегот на реката. Скршена од болка, Хејзел се обвинува себеси за исчезнувањето на сестра си и ја носи таа вина со себе во зрелоста, како личен товар што чувствува дека го заслужува. Дваесет години подоцна, Хејзел е во Лондон, подготвена да ја напушти работата во малата книжарница со ретки изданија и да почне со кариера во Сотебис.