Availability: In Stock

Светлосна година

Бар код: 9786082672212

290ден

Шифра: 008902

Издавач: Либи

Автор: Оливера Николова

Година: 2021

Страници: 204

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

„Стоев потресена пред Вили. Пред еден Вили Холер што го обожавав повеќе од сите други момчиња. И пред една Хелга Кауфман која никако не сакав да ја изгубам како другарка, која постојано ја имитирав и која беше мое огледало за иднината. Стоев потресена и пред сиот тој свет што ме туркаше лево и десно без да знае која сум, од каде доаѓам, кои ми се родителите. Ами ако уште го знаеја сето тоа?“
Оливера Николова во овој љубовен роман за млади успева да го опфати мачното снаоѓање на нашите луѓе во друга средина, проследено со потценување на сопствените вредности и чувство на неприпадност. Осознавањето токму на спротивното: дека различноста е преценета во однос на истоста на сите човечки битија е вистинската порака на „Светлосна година“. Љубовта и разбирањето на Другиот се решение на нашето време и на состојбите во кои нѐ фрла животот.