Опис
Сместен на двомеѓето меѓу видливиот свет на Земјата и фантастичниот свет на Сатурната, романот ,,Светлината на Сатурната постепено навлегува во приказната на средношколката Адора, која тргнува на патување со нејзините соучениcи и кој без никакво предупредување ќе се најде во кралството на Сатурната. Таму, во земјата наречена Сатурната, се води долга војна меѓу Орхидите, владетелите на кралството на Светлината и поданиcите на Мат-уруус, земја на север од кралството. Адора станува дел од приказната на Сатурната и нејзината судбина, а дејството постепено ја открива нејзината улога не само во војната туку и во жживотите на сите оние што ќе ги запознае во кралството. Преку живописни описи полни со егзотични мириси и бои, овој роман, иако жанровски е определен како епска фантастика, загатнува низа прашања што го тангираат современиот читателч тоа се прашања што се однесуваат на граниcата меѓу стварното и имагинарното, свеста и потсвеста, идентитетот…