Опис
Оваа книга ни покажува како, каде и зошто мораме веднаш да седнеме на иста маса со Бога и да ги решиме вечните прашања, да воспоставиме темелна, непроменлива структура во себе, со која се воздигнуваме сè до светлината. Има ли Бог, има ли бесмртност, зошто смртта и од каде свесното прифаќање на смртта во човековата егзистенција? Каков е овој свет, од каде дојдовме и каде повторно се враќаме? Да, мислевме дека овие прашања немаат темелна разрешница, но Достоевски нè повикува со целиот свој генијален, умствен и уметнички капацитет да погледнеме од еден друг центар, кој го заборавивме живеејќи во суровиот материјалистички свет. По читањето на оваа книга речиси е невозможно да не се најдете среде рајските опкружувања на вашите најдлабоки соништа, да не ги поминете пеколните искушенија еднаш засекогаш, соништа што ќе ве воздигнат, а речиси е невозможно по читањето на последната страница на оваа книга да останете исти, да не се случи кај вас страсна, но темелна внатрешна трансформација…