Опис
Во книгата Социјалниот архетип во документарниот филм се обработени девет документарни филмови, при што се согледани сферите во кои се поврзуваат социјалниот синдром како рефлексија на средината од една страна (што е присутен во речиси секој документарен наратив) и креативниот импулс кај документаристите како автори, од друга. Преку јазикот на книжевната теорија и филозофијата, интердисциплинарно се опфатени различните релации меѓу филмот и книжевноста – како креативни естетики, сместени во рамките на теоријата и филозофијата – како научни естетики. Фокусот е ставен на неколку истражувачки полиња: улогата на социјалната средина и нејзиниот силен импулс што ги стимулира документаристите на записч битноста на реалната информација или фактот пренесени преку документарниот филмски јазик, начинот на перципирање и реакција од страна на публиката и улогата на креативниот јазик на авторот.