Availability: In Stock

Слово за походот Игорев

Бар код: 9786082470351

150ден

Издавач: Арс Ламина

Повез: Мек повез

Категорија:

Опис

„Словото за походот Игорев“ е анонимен еп од ЏИВ век, што го следи неуспешниот воен поход на кнезот Игор Свјатославич и неговиот брат Всеволод против Половците, еден од најстарите староруски записи што стигнале до денешниот читател. „Словото“ почнува со инвокација и со еден лош знак: сонцето се затемнува пред да почне походот на Игор. Сепак, Игор не се расколебува и првиот ден од битката со Половците го оправдува: руската војска запленува мноштво заробеници, злато, свила, убави девојки. Но, веќе наредниот ден Игор е притиснат од Половцитеч војската му е поразена, а самиот тој – ранет и одведен во половечки затвор. Некако се ослободува и по единаесет дена стигнува во Новгород-Северски, каде што е радосно пречекан. Реалната историја е малку посурова од книевната: поразот на Игор има несреќни последици за сета руска земја, бидејќи им ја разоткрива на Половците слабоста на руските кнеества и им го отвора патот кон Запад, дотогаш под руска контрола.