Availability: In Stock

Си беше еднаш – најубавите бајки на сите времиња

Бар код: 9786082678825

1,290ден

Шифра: 012656

Издавач: Либи

Автор: Оливера Ќорвезироска

Година: 2024

Страници: 263

Повез: Тврд повез

Јазик: Македонски

Категорија: Тагови: , ,

Опис

Си беше еднаш една книга со 52 бајки од Ханс Кристијан Андерсен, Браќата Грим и Шарл Перо, по една за секоја недела во годината. Книгата-ковчеже има и Златно клуче за отклучување и влез во најубавите бајки на сите времиња.
Секое дете има право на своја прва средба со бајките со кои пораснале генерации и генерации претходно, заедно со нивните родители, нивните баби и дедовци.
Да им читаме на децата покрај нас и во нас, да читаме заедно со нив, за заспивање и за будење, за воспитување и за уживање, за развивање на мечтите и на чувството за праведност. Бајките се најсигурниот патоказ кон нивната иднина.

СИ БЕШЕ ЕДНАШ (Најубавите бајки на сите времиња) е голема книга за малите читатели со нова, воедначена раскажувачка адаптација на Оливера Ќорвезироска (соодветна и примерена на новото време и на новите генерации читатели) и раскошни илустрации од Наталија Лукомска, во која можат да се најдат и неколку бајки кои првпат се преведени и адаптирани на македонски јазик.