Опис
Се ближи Нова година, но нешто необично се случува. Во сандачето на Дедо Мраз пристигнаа едвај неколку писма. Поштарот доаѓа ретко, а и на имејл се појави само една порака.
Само една?!
Да, само една, и тоа крајно вознемирувачка.
„Скандалозно!“ ќе извика Дедо Мраз, откако ќе ја прочита пораката.
А потоа следува една волшебна, и смешна и тажна, и возбудлива и опасна, авантура, што ќе го одведе Дедо Мраз во Земјата на соништата, а дјудјињата Лутко, Буцко и Спанко ќе пропатуваат половина Земјина топка и назад… и сето тоа во само една единствена ноќ!
“што сонуваше Дедо Мраз“ е роман за деца и за сите што сакаат да сонуваат.