Опис
ШТО АКО ПОСТОЕШЕ КНИГА ШТО ГИ НЕМА СИТЕ ОДГОВОРИ, ТУКУ САМО ПОСТАВУВА ПРАШАЊА? Прашањето е нешто многу моќно! Империи се граделе и се распаѓале поради прашања. Прашањата поттикнуваат длабоко размислување и ја будат љубопитноста. Страниците на оваа книга се полни со прашања. Смешни, егзотични, провокативни, па дури и одвратни! Не грижете се ако не ги знаете одговорите – бидете горди на тоа што сте доволно храбри да поставувате прашања за сè. Користете ја оваа книга како прв чекор во патувањето до границите на вашиот ум и свет. Прашањата, како и разговорите што ги поттикнуваат, можат да го променат светот – особено кога овие разговори се претвораат во активности, овозможувајќи им на децата како вас да замислат и да се впуштат во подобра иднина. Што ако некоја книга не ви кажува само како да размислувате, туку ве охрабрува да размислувате со своја глава? Сите големи, значајни активности почнуваат со прашањето: Што ако…? Што ако можевме да патуваме низ времето? Или да одиме во вселената?