Опис
Биди до третиот столб одлево пред театарот Лиcеум ВЕЧЕРВА во деветнаесет часот. Ти си жена на која ѝ имаат згрешено и ќе ја добиеш ПРАВДАТА. Немој да повикуваш полиција. Ако повикаш, сè ќе биде залудно. Кога го замолија Холмс да ја погледне мистериозната порака што ѝ пристигна на Мери Морстен, ниту тој, ниту, пак, Вотсон очекуваа дека ќе бидат вовлечени во предавничка пажајина стара неколку децении. Набрзо ќе почнат и опасни експедиции под сјајот на месечевата светлина за да го разоткријат значењето на знакот на четворката и да го решат одамна закопаниот криминал.