Опис
Во оваа збирка мала, Шарам барам што се вика, се збрале триста чуда – цела сала: едно кутро утро, самотно и шутро, ТИ РЕКОВ и МИ РЕЧЕ што се расправаат по цела вечер, видранката видра, што молска и болска, едно ТУКА што сегде се сука, стоногалка везден што талка и нозе си валка, светулка што светни-летни прави, зеленчуци никнати здрави, тешка жега за гуша што стега, зелка што кошули си шие и една в друга ги крие, магла што без ветрот е сè и што ли уште не, што ли уште не…