Availability: In Stock

СФ-СН: партизански роман

Бар код: 9786082801124

350ден

Шифра: 012876

Издавач: Либрис

Автор: Моџо Килингтон

Година: 2025

Страници: 152

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категории: , ,

Опис

Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ – СН“ најдобро се опишува самиот себеси со духовитиот, но и мошне прецизен поднаслов: партизански роман. Поднасловот функционира и како жанровска одредница, но и како алузија на едно важно време. Тој е и логично и природно надополнување на насловот, всушност на кратенката на познатото југословенско партизанско мото „Смрт на фашизмот – слобода на народот“ кое се користело и како поздрав меѓу членовите на движењето на отпорот. „СФ – СН“ е необичен роман, навраќање на едно подалечно време, но и на еден навидум анахрон, дури соцреалистички начин на пишување. Поигрувајќи си со ваквата фактура, авторот го реактуализира херојското време од еден личен, љубовен ракурс, со мошне жив и впечатлив еротски пристап. На крајот има и цела песнарка на необјавени песни на еден лик – загинат, непознат поет-партизан… што е досетлива мистификација којашто романот го приближува и кон постмодернизмот.