Availability: In Stock

Сестрата на Дон Кихот

Бар код: 9786082479606

230ден

Шифра: 002960

Издавач: Арс Либрис

Автор: Мартин Кесел

Година: 2017

Страници: 156

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Дејството во романот „Сестрата на Дон Кихот“ е сместено во триесеттите години во Берлин. Централна фигура е сликарот Тео Шрат, кој е неискусен во љубовта и има задача да ѝ наслика портрет на младата и убава вдовица, Саскија Скорел. Уште при првата средба Шрат е маѓепсан од нејзината појава и се вљубува во неа без задршка. Истовремено, открива дека таа живее во свој свет преполн илузии, во некоја сонувана замисла за себеси. Возбудениот сликар, подозрив и љубоморен, сега работи на портретот на неговиот модел, вдовицата Вајтцух, чија мистичност таинствено се вовлекува во сликата. Но, Тео е спречен да ја дофати Саскија на платното…