Availability: In Stock

Седумте мажи на Евелин Хуго

Бар код: 9786082673127

450ден

Шифра: 009335

Издавач: Арс Либрис

Автор: Тејлор Џенкинс Рејд

Година: 2021

Страници: 400

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија: Тагови: ,

Опис

Возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен жживот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега? Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ѝ е во ќор – сокак. И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера. Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ѝ ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како приказната на Евелин се приближува кон крајот, станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.