Опис

Реториката претставува уметност што цели кон подобрување на вештината на говорниците што се обидуваат да информираат, убедат или да мотивираат определена публика во специфични ситуации. Оваа древна вештина во својот долготраен живот има преивеано многу подеми и падови. Дишела со полн капацитет во античко-хеленскиот период и во римската република и демократиите, а преивувала во царскиот Рим и во апсолутистичките и тоталитарните реими.
Добри говори често настанувале во кризни времиња, време на војна или револуција, во периоди кога станувало збор за војна или мир, живот или смрт, да се биде или не. И на сето ова треба да се додаде дека реториката има способност на приспособување кон секоја состојба, независно каква е големата слика во општеството.