Опис
Малиот Алберт не може да ја најде пријавата за СУПЕРГОЛЕМАТА ИГРА, која ја организира неговото училиште. Покрај него се група неврони, кои му помагаат да ја најде исчезнатата пријава: МЕМО, невронот за меморија, НУЛА, невронот на броевите, АМЕРИГО, невронот на истражувањето, и ДАНТЕ, невронот на зборовите.
Низ различни активности и многу игри, тимот од неврони ќе му помогне на Алберт, а со него и на малиот читател, да го вежбаат умот за да ги решаваат загатките – препреки на кои ќе наидат во нивната авантура.