Опис
Заради комплексноста и разновидноста на текстилни влакна, разбирањето на нивната структура е од клучно значење. Ова авторитетно издание во два тома, обезбедува сеопфатен преглед на структурата за широк спектар на текстилни влакна.
Том 1 започнува со воведен сет од поглавја за структура на влакната и методи за карактеризирање на влакната. Вториот дел од книгата ја опфаќа структурата на произведени полимерни влакна, што се како полиестри, полиамиди, полиолефин, еластомерни и арамидни влакна, како и високомодулни и високожилави полимерни влакна. Поглавјата ја разработуваат фазата на создавањето на влакната за време на процесите и како тоа влијае врз структурата на влакната и врз механичките карактеристики. Придружниот том дава преглед на природните, регенерираните, неорганските и на специјалните влакна.