Опис

Принципи и практики во винарството е книга од авторите Роџер Б. Бултон, Вернон Л. Синглтон и други. Книгата има две изданија, првото издание е објавено во 1996 година, а второто во 1999 година, од Спрингер Сциенце+Бусинесс Медиа Инц. Книгата е поделена на шеснаесет дела: Вовед, Лозарство за винарите, Подготовка на шира и на сок, Квасец и биохемија на етанолната ферментација, Црвени и бели трпезни вина, Јаболково-млечна ферментација, Бистрење и кларификација на вината, Физичка и хемиска стабилност на виното, Микробиолошко расипување на виното и негова контрола, Зреење и стареење на вината, Ставање во шише и чување на виното, Улогата на сулфурниот диоксид во виното, Методи за пренесување шира, сок и вино, Употреба на топлење и на ладење, Киселост на сок и на вино, Подготовка, анализи и оценување експериментални вина. Оваа книга се концентрира на процесот на производство на вино, нагласувајќи ги хемијата, биохемијата, микробиологијата и главната наука-енологијата.