Опис
Овој практикум првенствено им е наменет на студентите од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје кои го слушаат предметот Македонски јазик со култура на изразувањето 2 на групите Одделенска настава и Предучилишно воспитание, на македонски, на албански и на турски наставен јазик, како и на студентите кои го слушаат предметот Македонски јазик на групата Библиотекарство. Но, мое да им послуи како корисно јазично помагало и на учениците од основните и од средните училишта, како и на сите оние што сакаат да ги проверат своите знаења од областа на морфологијата и на синтаксата. Практикумот произлегува од повеќегодишната наставна практика спроведувана на горенаведените студиски програми, но и од потребата да им се доблиат на студентите основните морфолошки и синтаксички знаења од теориски и од практичен аспект.